ПРОЕФЕКТНО ДО ГРАНТОВИ
И ДО ВЕШТИНИ ЗА ПОДОБРИ ЛУЃЕ НА РАБОТА И ДОМА
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ
Проефект изработува предлог проекти за поголемиот дел на ЕУ грант програми кај нас (ИПА 2, Erasmus+, Horizon 2020, Creative Europe, CBC Programs (MK-ALB, MK - BG ,MK -GR, MK-KOS и MK-SRB), EaSI, и COSME), другите донатори (SDC, SIDA, амбасади и тн) како и домашните грант програми (ФИТР, владините грант програми). Тоа вклучува:
-
Проверка на документацијата на правниот субјект;
-
Проверка дали постои иста/слична апликација на пазарот;
-
Регистрација на интернет порталот за учесници (т.н. Participant Portal) и вадење на код на правниот субјект (т.н. PIC/PADOR);
-
Дефинирање на основниoт концепт на предлог проектот и дефинирање на активности распределени во работни пакети (Working Packages) со клиентот;
-
Пишување на сите делови на проектната апликација (10-100 стр), развој на буџет;
-
Унапредување на деловите кои ги развива нарачателот на услуга (опис на компанија/организација, CV, опис на опрема, услуги);
-
Изработка на стратешки план/годишна програма/ годишен буџет (10-40 стр);
-
Финална проверка на сите додатоци;
-
Поддршка на процесот на онлајн испраќање на апликацијата (Заедно со нарачателот).